галерија контакт  
 
 
 
Местоположба

На југозападниот дел од Р. Македонија, покрај Охридското Езеро, на брегот на реката Црн Дрим која го дели на два дела , се наоѓа градот Струга - еден од најатрактивните туристички центри во Р. Македонија. Уште при првата посета, посетителите се вљубуваат во градот, понесени од прекрасните природни убавини, од кејот на Црн Дрим, од истекот на Дрим од Езерото, од старите тесни улички, од типичната струшка архитектура, но пред се заради менталитетот на локалното население кое не може, а да не им посака топло добредојде.
Струга, градот на мостовите и поезијата, е вистинска врска меѓу минатото и сегашноста. И покрај присуството на модерните архитектонски решенија, еден дел од градот има статус на споменик на културата кој континуирано се заштитува со цел да се задржат обележјата на стара Струга - стара градска архитектура, куќи со чардаци, дуќани со кепенци, тесни улици, разни занаети и локален фолклор.
На 5км. од центарот на Струга, на самиот брег на Охридското Езеро ќе го здогледате нашиот хотел. Во кристално бистрите води на езерото се одразуваат високите карпи меѓу кои е сместен бисерот на Охридско-струшката ривиера-хотелот Бисер. Хотелот лежи на карпите во близина на манастирскиот комплекс Св. Богородица и со својата необична убавина и местоположба ќе Ве фасцинира и восхити. Сите вистински вљубеници во природата, културното наследство и рекреацијата ќе бидат пријатно изненадени и воодушевени ако го посетат хотелот Бисер.

Сообраќајна поврзаност

Градот Струга е поврзан со Скопје (главниот град на Р.Македонија) со автопат кој е дел од главната артерија на сообраќајната мрежа во Македонија-меѓународниот пат Е-75, кој овозможува релативно брз и лесен пристап до градот по сувоземен пат. Струга е оддалечена од Скопје на 2 часа возење со автомобил.

Во непосредна близина на хотелот Бисер, на оддалеченост од 10км. и временско растојание од само 15 мин. возење, се наоѓа Охридскиот аеродром изграден во согласност со општо прифатените воздухопловни стандарди. Ова воздухопловно пристаниште со меѓународно значење во огромна мера ја зголемува и олеснува пристапноста кон градот и хотелот.




 
 
2004 © Hotel Biser. All rights are reserved.